Ракомет
Ѕвездата на Вардар „удри“ по ЕХФ
Остри критики на адреса на ЕХФ упати ѕвездата на РК Вардар, Иван Чупиќ. Како што е познато ЕХФ одложи два меча од Лигата на шампионите на Вардар, против Елверум и ПИК Сегет, од различни причини, пред се поради Ковид 19.
-Жално е што на сето ова молчат клубовите и играчите, тоа никако не е во ред, бидејќи на крај тоа нив ќе им се одбие од глава со ваков ритам на играње. Клубовите од ЕХФ не добија ништо за поддршка во време на корона кризата, а со ваков однос од нивна страна, работата само им се отежнува, изјави меѓудругото Чулиќ во интервју за хрватски медиум.
РК Вардар постојано тренира, се подготвува но мечеви нема.