Connect with us

Кошарка

Ѕвездите на НБА во шок откако полицијата застрела Афроамериканец: Е*еш натпревари и доигрување (ВИДЕО)

Додека љубителите на кошарката ширум светот уживаат во игрите на големите ѕвезди во НБА,по новото полициско злоставување на Афроамериканец, нештата излегуваат надвор од контрола и помеѓу кошовите.

Откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како припадник на полициските сили пукајќи во Џејкоб Блејк одзади неколкупати, многу sвезди во НБА дадоа изјави против полициските сили.

Нивните реакции не изненадија никого, а еден од најдобрите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс, испрати порака преку социјалните медиуми.

„И сеуште се прашувате зошто така зборуваме за полицијата? Некој нека ми каже што се случува? Уште еден црнец стана мета. Ние сакаме правда“, рече Леброн.

loading...

И, не само што реагираше Леброн, всушност е многу полесно да се пребројуваат оние кои останаа без реакција на новата бруталност на полициските сили во САД.

“Е*еш натпревари и доигрување. Ова е болен и е вистински проблем. Јас немам зборови – Нне се чувствуваме безбедно. Ние сакаме правда”, рече Донован Мичел, најдобриот кошаркар на Јута Џез, додека кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, по победата над Хјустон истакна:

“Сакам да ги испратам моите молитви до него и неговото семејство. Работите што им се случуваат на нашите луѓе се погрешни. Јас ќе ги повикам сите во НБА, треба да организираме “тимови” за да може секој да се регистрираме за гласање.”

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com