Други спортови
12 месеци подоцна: Ѓоковиќ се враќа во Австралија
Една година откако 9-кратниот победник на Грен слем турнирот Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија поради непридржување кон правилата за Ковид-19, Србинот се врати во земјата.
Годинава нема никакви пречки да учествува на Австралија опен и да ја брка 10-та титула на турнирот.
Потсетуваме дека пред една година Ноле слета на аеродромот во Мелбурн со медицински преглед, но тоа не беше испочитувано од властите во земјата и затоа беше принуден да замине.
Новак се уште е категоричен на својата одлука да не се вакцинира, со јасно знаење дека неговата одлука ќе го извади од голем број важни турнири, како и минатата сезона.
Директорот на турнирот Крег Тајли рече дека се надева дека локалните навивачи ќе му приредат топло добредојде на Ѓоковиќ.
„Го добредојдеме назад во Австралија. Мислам дека во моментов тој слета во Аделаида и мислам дека повторно ќе биде главен фаворит за титулата. Имам огромна доверба во австралиската јавност. Убеден сум дека тие ќе реагираат начинот на кој очекуваме да реагираат“, изјави тој за новинарите.