Други спортови
18-годишникот го донесе третото злато на Кина на Пекинг
Кинеската Гу Ајлинг денеска ја освои олимписката титула во женско скијање во слободен стил во Биг Ер. Таа во трите настапи собра вкупно 188,25 поени и ги престигна Французинката Тес Ледо со 187,50 поени и Швајцарката Матилде Гремо со 182,50 поени.Ова е трета титула за Кина на Игрите и вкупно 5-ти медал.
18-годишната Гу Ајлинг, која е родена и живее во САД, е првиот олимписки шампион на Кина во оваа дисциплина. Таа има и два златни и еден бронзен медал од Светското првенство во 2021 година.
Меѓу ВИП гостите на натпреварот беше и кинеската тенисерка Шуаи Пенг, која се здоби со скандалозна слава откако се појавија информации дека била сексуално злоставувана од вицепремиерот на нејзината земја, Џанг Гаоли. Таа беше во друштво на претседателот на МОК Томас Бах. Пред неколку дена двајцата имаа официјална средба во Пекинг.