Connect with us

Фудбал

Костадинов: На пола пат сме, уште 90 минути имаме, ќе изгинеме на терен…

Не чека подруг натпревар, Италија е екипа која игра тимски, а Португалија повеќе индивидуално, рече македонскиот репрезентативец Тихо Костадинов.

„До тука стигнавме, имаме уште 90. минути на пола пат сме. Ќе го дадеме максимумот, ќе изгинеме на овој натпревар за да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо“, рече пред денешниот тренинг македонскиот репрезентативец.

Тој додава дека стигна атмосферата од победата од Италија, а сега сите фокусирани се на натпреварот со Португалија.