Connect with us

Тајмаут

Во мини здолниште ги покажа фудбалските квалитети, Дилета Леота го воодушеви фановите на „Сан Сиро“, во топ форма два месеци по породувањето (ФОТО)

Јувентус го победи Милан со 1:0 во дербито на Серија А, но повеќе внимание отколку фудбалот привлече италијанската новинарка Дилета Леота. Пред Мануел Локатели да го постигне голот за победа на „Сстарата дама“ против неговиот поранешен клуб, навивачите со аплауз ги поздравија потезите на убавата водителка која ги засени сите на „Сан Сиро“.

Иако се породи пред само два месеци, Дилета Леота веднаш се врати на „малите екрани“ за новата сезона во Серија А, и покажа дека е во топ форма. Во краткото здолниште таа демонстрираше дека знае и да игра фудбал, бидејќи жонглираше со топката заедно со тренерот Андре Страмачони, поранешниот тренер на Интер.

Да потсетиме, Дилета Леота на 17 август објави дека родила девојче Арија, кое го добила со невенчаниот партнер, голманот Лорис Кариус од Њукасл. Таа веќе по еден месец се врати на телевизијата ДАЗН и пред најголемите натпревари во италијанскиот шампионат повторно беше во центарот на вниманието.