Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На денешен ден Македонската репрезентација го одигра првиот официјален натпревар

На денешен ден пред 27 години, репрезентацијата на Македонија го одигра првиот меѓународен натпревар на гостување во Крањ против Словенија. Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски славеше убедлив триумф од 4:1. Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 5. Минутаа, а стрелци за Македонија беа уште и Панчев и Јаневски, а од пенал и Драган Канатларовски.