Фудбал
ВИДЕО: Погледнете како Шахтјор ги посрамоти „Кралевите“ среде Мадрид
Најголемото изненадување во синоќешната рунда од Лигата на шампионите секако го направи Украински Шахтјор кој со 3:2 славеше како гостин против Реал Мадрид. Водеа Украинците со 3:0, но на крајот стигнаа до трите бода откако примија два гола. Реал Мадрид израмни на 3:3 во судиското продолжение од мечот преку Валверде, но голот беше поништен од ВАР собата поради тоа што Винисиус беше во пасивен офсајд, односно му пречеше на гостинскиот голман.
Еве ги комплетните голови од мечот.