Фудбал
Чудо во Белгија: Играч на Ренџерс постигна гол од центар во судиското надополнување! (ВИДЕО)
Вечерва играчите на Ренџерс го совладаа Стандард Лиеж на гости со 2:0 во натпреварот од 1.коло од групната фаза на Европската лига.
Ренџерс одигра одлична партија во Лиеж и заслужено ги доби трите бода. Гостите поведоа во 19. минута кога Таверние погоди од белата точка, но она што го видовме во 93. минута е приказната на денот.
Имено, во третата минута од судиското надополнување, тимот на Стивен Џерард дојде до вториот гол кој го постигна Рофи.
Играчот на шкотскиот тим е главна тема на социјалните мрежи бидејќи успеа да постигне гол од центарот за 0:2, што ги воодушеви сите.