Фудбал
Франција во карантин, тренерот на Бордо: Ние сме привилегирани
Јан-Луј Гасет, тренер на Бордо, зборуваше за тешката здравствена состојба во Франција, која ја присили да се врати во карантин поради пандемијата.
„Олеснување е да се види како фудбалот оди напред. Можеме да си ја завршиме својата работа, имаме среќа, привилегирани сме“, рече Гасет.
„Во сабота ќе одиме во Монте Карло, играчите сметаат дека се среќни и имаат право. Нашите животи нема да се променат“.