Connect with us

Фудбал

Реал посилен по репрезентативната пауза

Реал Мадрид ќе биде многу посилен по репрезентативната пауза, имајќи предвид дека Дани Карвахал се опорави од повредата.

По пауза поради повреда на коленото, Карвахал вчера тренираше со тимот.

Тој немаше проблеми со коленото, па Зинедин Зидан ќе може да смета на неговите услуги по репрезентативната пауза.

Секако ова е добра вест за францускиот стручњак со оглед на тоа што тој неодамна го искористи Лукас Васкез на позицијата десен бек, за кого ова не е природна позиција.

Да потсетиме, по репрезентативната пауза, Реал ќе игра против Виљареал, а потоа и во Лигата на шампионите со Интер.