Connect with us

Фудбал

Претседателските избори во Барселона може да се одржат во јануари

Новите избори за претседател на клубот од Барселона се очекува да се одржат во јануари и за ова се одредени три можни датуми, по оставката на Жосеп Марија Бартомеу.

Изборите требаше да се одржат во март следната година.

Но, по финансиските проблеми што сега го погодија каталонскиот клуб и јануарскиот преоден рок, разгледана е можноста за одржување на изборите порано.

Рокот за поднесување кандидатури се очекува да се затвори наскоро, а на крајот на овој месец, наводно, повторно се кандидираше поранешниот претседател Лапората.

Изборите може да се одржат на три датуми во текот на јануари, 16 и 17 јануари, 23 и 24 јануари или 30 и 31 јануари.

Клубот се наоѓа во тешка финансиска состојба и неодамна не успеа да постигне договор со своите играчи за намалување на платите и по многубројните состаноци повторно не успеа ги убедат да прифатат.

Шпанскиот гигант објави дека КОВИД-19 предизвикал финансиски загуби во износ од 300 милиони евра, затоа планирал да има корист од намалување од 191 милиони евра преку намалување на платите на своите фудбалери и со него да плати дел од долгот.