Фудбал
ВИДЕО: Артуро Видал синоќа го постигна голот на кариерата
Чиле синоќа го победи Перу со 2:0 на домашен терен, а херој на натпреварот беше Артуро Видал.
Видал беше брилијантен на синоќешниот натпревар и ги постигна двата гола за својот тим, со што му донесе на Чиле нови три бода.
Деталот што ја обележа играта се случи во 20. минута кога домашните поведоа со 1:0.
Видал ја прими топката на околу 25 метри, а потоа постигна спектакуларен гол за водство на Чиле.
Овој гол е секако најдобриот постигнат од играчот на Интер во неговата кариера досега, а може да го погледнете ТУКА.