Фудбал
Рома конечно најде директор и ги изненади сите со назначувањето
Рома го назначи Тијаго Пинто за нов извршен директор.
Во моментов Пинто е одговорен како директор во Бенфика, а по неколку години работа во Лисабон, 36-годишникот ја прифати поканата од Рим.
Тој ќе има многу овластувања на „Олимпико“, ќе биде одговорен за трансфери и интересно, и тренерот (Пауло Фонсека) и директорот сега се Португалци. Ова е прво поголемо назначување во времето на Фридкин и доаѓа по неколку месеци гласини, извештаи и состаноци.
„Тијаго е талент од светска класа. Во нашите многубројни разговори, беше јасно дека неговата страст кон работата, размислувањето напред и, пред сè, победничкиот менталитет е во согласност со новата политика во Рома“, изјави Дан Фридкин за веб-страницата на клубот.
Многу имиња се поврзуваат со Рома со месеци, но Тиаго Пинто дефинитивно не е, па затоа е изненадувачки што на крајот беше избран за директор на клубот.