Connect with us

Фудбал

Милан на фантастичен начин објави на Твитер дека Златан постигнал гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан во моментов играат на гостински терен против Наполи во натпреварот од 8.коло во Серија А.

„Росонерите“ успеаја да поведат во 20-та минута од натпреварот кога Ернандез центрираше, а фантастичен удар со глава постигна Златан Ибрахимовиќ.

Милан на Твитер ги извести навивачите дека водат во Неапол, и тоа го направија на одличен начин.

“Беше постигнат гол, а кој друг би можел да биде стрелец? Одличен центаршут на Хернандез и неверојатен погодок со глава на Златан”, рекоа од Милан.