Connect with us

Фудбал

Бекам потпиша договор: За три сезони 45 милиони евра, а негово е – да не прави ништо!

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам потврди дека потпишал тригодишен договор со „ЕА Спорт“ и дека неговиот лик ќе биде присутен во компјутерската игра ФИФА 21.

Бекам на Инстаграм напиша дека е горд што неговата слика е на пакувањето на самата игра, а во исто време и неговиот лик ќе биде меѓу фудбалските икони во играта во тимот на ФИФА во следните три години.

Според Дејли Стар, Бекам ќе добие дури 45 милиони евра за соработка со „ЕА Спорт“.

„После 23 години, јас сум многу горд што повторно сум на насловната страница и се враќам на „тревата“ како фудбалска икона со некои од моите стари соиграчи. Можеби моите синови сега ќе помислат дека сум „кул татко“, додаде Бекам, поранешен голем играч на клубови како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ПСG …