Connect with us

Фудбал

Куман и првите 100 дена во Барса: Се чувствуваме подобро по Јувентус

Во пресрет на предизвикот против Осасуна, тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за првите 100 дена кај Каталонците.

„Јас не си давам никаква оценка, тоа го оставам на вас. Дојдов во овој клуб во тежок момент, имав 100 потивки денови во другите клубови“, рече Куман, кој зборуваше и за двете лица на Барселона.

„Не е лесно да се објасни зошто. Понекогаш има натпревари каде што можеме да доминираме повеќе, во шампионатот имавме повеќе потешкотии затоа што има екипи кои играат позатворено во одбраната, а во Лигата на шампионите се поотворени“.

„На крајот на сезоната ќе можеме да кажеме што ни недостасува. Мислам дека во шампионатот не заслуживме да изгубиме толку многу бодови, верувам дека победата против Јувентус ни даде самодоверба и направи да се чувствуваме подобро за другите натпревари“, додаде Куман.