Фудбал
Мурињо го „боцка“ Лампард, изненадува со изјавата по мечот
Тотенхем одигра 0:0 против Челзи. Тренерот Жозе Мурињо зборуваше за натпреварот и истакна дека неговиот тим даде се од себе, но не успеа да победи.
„Ви ветувам дека сакав да го добиеме натпреварот. За нас не беше лесен предизвик, но од друга страна не паметам натпревар со Челзи тука, или на наш терен да доминираме толку многу“.
„Само еднаш хо видоа нашиот гол и Уго Ллорис направи само една одбрана. Многу добра реакција, но тоа беше единствениот обид на Челзи. Ние целосно доминиравме во натпреварот“, рече Мурињо.