Фудбал
Шустер за Марадона: Барселона го уништи
Некогаш одличниот германски играч за врска Бернд Шустер во Барселона ја делеше соблекувалната со Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Неверојатниот Аргентинец почина пред неколку дена, но и денес во светските медиуми се пишува многу за деновите на неговата кариера.
Германски Билд разговараше со Шустер, кој верува дека Барселона го уништила.
„Тие претераа, го прогонуваа, го следеа. Тоа беше голема грешка на градот, клубот, сите нас. Не знаевме како да се грижиме за него. Наместо да го заштитити, Барселона го уништи“, истакна Шустер.
Германскиот фудбалер делеше и соба во Барселона со Марадона, но тие не се гледаа многу.
„Како и секој германски спортист, и јас легнав рано и станав рано. Со Диего не беше така“, рече Шустер.