Фудбал
Фрапар влезе во историјата, доби пофалби и од Бонучи
Натпреварот помеѓу Јувентус против Динамо Киев во средата вечерта беше вистински историски натпревар. За прв пат, всушност, водењето на натпревар од Лигата на шампионите беше доверено на жена судијка: Стефани Фрапар. Французинката судеше совршено на натпреварот.
Таа има извонредна кариера, и има поставено многу рекорди. Стефани Фрапар стана првата жена што судеше натпревар од Лига 2 во 2014 година, дебитирајќи во Лига 1 во 2019 година (првиот судија што го стори тоа). И оттаму, големиот чекор во нејзиноро европско деби беше краток. Летото 2019 година, всушност и беше доверен натпреварот од Суперкупот на Европа, Ливерпул-Челси, а на 22 октомври дебитираше и во „Лига Европа“.
Дури и Леонардо Бонучи, кој ја носеше капитенска лента против Динамо Киев, по последниот свиреж на Французинката, сакаше со „Твит“ да потсети на важноста на дебито на Фрапарт во Шампионите. „Фактите се разликуваат“, напиша Бонучи на Инстаграм заедно со слика од натпреварот.
I fatti sono i cambiamenti. #StephanieFrappart pic.twitter.com/BnKcf4iivw
— Leonardo Bonucci (@bonucci_leo19) December 3, 2020