Фудбал
ВИДЕО: Алиоски проговори за инцидентот со фудбалерот на Арсенал кој крена голема „прашина“ во Англија
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски за прв пат јавно проговори за инцидентот со фудбалерот на Арсенал Николас Пепе во пресметката на Лидс и „Топџиите“. Како што е познато, Пепе го удри Алиоски со глава по што доби црвен картон, а имаше и турканици. Тој меч заврши без голови, а по мечот имаше шпекулации дека Алиоски го провоцирал играчот на Арсенал.
-Физички го провоцирав, но не и вербално. Сите мислат дека нешто сум му рекол, но не е така. За него беше тешко затоа што цврсто играв. Беше глупаво тоа што го стори. Не дека ми го скрши носот, но имаше физички контакт. Веројатно беше револтиран што игравме човек на човек и физички поцврсто, вели Алиоски.
Освен за ова Алиоски во интервјуто зборуваше и за останати теми како што се неговиот статус во Лидс и пласманот на Македонија на ЕП.