Фудбал
ВИДЕО: Што правеше соиграчот на Адеми на теренот пред мечот со Феенорд?!
Динако Загреб синоќа го совлада Феенорд на гостински терен со 2:0, а асистент при првиот погодок беше нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Тој воедно стана и рекордер на Динамо, забележувајќи го 77-миот меч во европските купови и е прв играч на овој хрватски тим кој успеал да стигне до таа бројка.
Но, на социјалните мрежи се врти едно интересно видео. Фудбалерот на Динамо, Ловро Мајер пред мечот излезе на теренот се разбира да ја почувствува подлогата. Во еден момент се наведна, откина малку трева и според видеото ја изеде. Зошто го сторил тоа, дали е некакво суеверие или нешто друго не се знае, но сепак овој меч беше среќен за нив.