Фудбал
Шокантно признание на холандски репрезентативец: Продавав кокаин на 9-годишна возраст
Пораснал во Ротердам, каде почнал и да се бави со фудбалот. Но, корените му се далеку од Европа. Џетро Вилемс е по потекло од Куракао, остров на холандскиот дел од карибите.
Како што вели тој, неговото семејство било сиромашно, тешко можело да најде работа во Холандија, па се одлучиле да пренесуваат дрога, од Куракао до Европа, односно Холандија.
Тоа било единствениот начијн да преживее семејството, а секако и тој бил вклучен во тоа иако имал само 9 години.
-Тогаш се жртввуав. Моите родители разговараа со мене околу тоа, бидејќи бев лудо дете. Ако морам тоа да го сторам за семејството, ќе го сторам така и сфатив. Ми залепиа кокаин околу нозете. Изгледав многу чудно, но никој не обврнуваше внимание на мене, бидејќи бев дете, вели тој.
Повремениот репрезентативец на Холандија вели дека топката му го спасила животот. Фудбалот му го променил лошото детство. Вилемс во својата кариера настапуваше за Спарта Ротердам, ПСВ Ајндховен, Ајнстрахт Франкфурт, Њукасл. За селекцијата на Холандија одиграл 22 меча.