Connect with us

Фудбал

Косово во група со три земји кои не ја признале независноста

Попладнево беа извлечени групи за квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година. Интересна вест објави шпанска „Марка“ во претставувањето на противниците на Шпанија. Имено, Косово е во таа група заедно со уште три репрезентации на држави кои се уште не ја признале независноста на нашиот сосед. Тоа се Шпанија, Грција и Грузија. Единствено од оваа група независноста на Косово ја има признаено Шведска.