Фудбал
ВИДЕО: ПСЖ без милост кон Башакшехир, хет-трик на Нејмар и два гола на Мбапе
Каква напаѓачка машинерија има ПСЖ. Нејмаи и Мбапе уште еднаш покажаа дека се најсилното оружје на францускиот првак. Иако Башакшехир не е вистинско мерило, сепак победата од 5:1 доволно говори за нивната сила. Хет-трик постигна Нејмар, а два гола Мбапе.
ПСЖ и Лајпциг од оваа група одат во нокаут фазата, додека Манчестер Јунајтед ги продолжува натпреварите во Лига Европа. Башакшехир во дебитантскиот настап може да се пофали само со победата над Јунајтед од 2:1.