Connect with us

Фудбал

Катар ќе учествува во европските квалификации за пласман на СП, познато е и во која група

УЕФА даде дозвола на селекцијата на Катар да учествува во европските квалификации за пласман на СП во 2022 година, чиј домаќин е токму оваа земја. Познато е и во која група ќе биде. Катар ќе игра во Група А заедно со селекциите на Португалија, Србија, Ирска, Луксембург и Азербејџан. Првиот меч ќе го одигра на 24-ти март против Луксембург. Сепак, бодовите на мечевите на Катар нема да се сметаат во пласманот на табелата.

Ова е само дозволено како егзебиција и секако Катар да стекне искуство.

-Репрезентацијата на Катар во изминатите неколку години оствари значајни успеси. Освоивме Азиски куп по прв пат во историјата, но нашата цел е што повеќе да напредуваме пред првото учество на СП и ова ќе биде дополнително искуство, порача шеикот Хамад бин Калифа бин Ахмед ал Тани, кој е претседател на Фудбалската федерација на Катар.