Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ја постави цената за Пол Погба, дали е реална?

-Подобро да се каже се јасно, да се гледа напред и да не се троши време. Пол не е среќен во Манчестер и не може да дојде до израз. Потребна му е промена, ова го изјави пред неколку дена неговиот менаџер Мино Рајола, што јасно стави до знаење дека Погба заврши со „Црвените ѓаволи“.

Магазинот „Сан“ сега тврди дека клубот се согласил да го продаде и ја поставил цената. Наводно таа изнесува 55 милиони евра, а ова е сума која секако неколку клубови можат да си ја дозволат. Погба најмногу се поврзува со Јувентус, но и ПСЖ и Реал Мадрид.

Тој од Торино се пресели во Манчестер во 2016-та година за 105 милиони евра.