Фудбал
Трогателно писмо на сопругата на италијанската легенда која почина
Сопругата на легендарниот италијански поранешен фудбалер Паоло Роси кој почина на 64 годишна возраст, објави трогателно писмо.
-Во моментот кога умираше, јас бев покрај него и тој не сакаше да замине. Ево еден момент го гушнав и само му реков: ‘Паоло, оди сега, премногу патеше! Напушти го ова тело. Направи премногу. После тоа, моментално заспа – засекогаш, објави Федерика Каплети.

Инаку, роси беше херојот и најдобриот стрелец на Мундијалот во 1982 година во која Италија не беше фаворит за светската титула, но ја освои, а потоа беше прогласен и за најдобар фудбалер на тоа СП во Шпанија.