Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Украинците го „тролаат“ Лукаку-Ти благодариме што не спаси

Интер одигра 0:0 со Шахтјор и со тоа ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Заврши на последното место во групата со шест бодови, два помалку од нивниот синоќешен противник Шахтјор кој ќе продолжи во Лига Европа.

Лукаку можеби е трагичарот кој спаси чист гол. Имено, во самиот финиш на мечот Алексис Сачез по корнерот на Ериксен со глава шутираше, а топката речиси на еден метар од голот го удри Лукаку во главата.

Украинците му се благодарни.

– Можеме да кажеме дека овој резултат е позитивен за нас затоа што ќе играме во Лига Европа на пролет. Тие пропуштија неколку навистина добри шанси и му благодариме на Лукаку не спаси пред самиот крај, изјави Мјикол Матвиенко, дефанзивец на Шахтјор.