Connect with us

Фудбал

ФИФА објави тројца финалисти во изборот за најдобар фудбалер на светот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на тројцата финалисти за најдобар фудбалер на светот за 2020 година.

ФИФА ќе ја додели наградата за најдобар фудбалер на светот следната недела (17 декември), а кандидати се Роберт Левандовски, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Фаворит е секако Левандовски, кој освои се што можеше со Баерн годинава, а дали ќе биде така ќе дознаеме за шест дена.

Кандидати за најдобар тренер на светот се Марсело Биелса, Ханси Флик и Јирген Клоп, а комплетните номинации за други награди погледнете ги ТУКА .