Фудбал
Дојде од Барса во Јуве, а потоа порача: Роналдо е како животно, подостапен е од Меси
Иако не сакаше, сепак беше натеран да ја напушти Барселона и да потшише за Јувентус, во размената за Миралем Пјаниќ. Артур Мело во интервју за „АС“ направи споредби помеѓу Јувентус и Барселона, но и помеѓу Роналдо и Меси.
-Во споредба со Меси, Роналдо зборува повеќе и е подостапен. Никогаш не отстапува ако има соиграч на кој му треба и инспирира жестока решителност, вели Артур, кој притоа додава:
-Тој тренира како животно, не знае што е пауза и секогаш ве охрабрува да дадете сè од себе. Исто така, тој ми кажува што да јадам. Ништо не остава на случајноста, вели Бразилецот.