Фудбал
Откако неговиот манаџер рече дека е готово со Манчестер Јунајтед, се огласи и Пол Погба: Бла бла, не е важно!
Пол Погба се огласи на социјалните мрежи и порача дека иднината е многу далеку. Со ова тој алудираше на изјавите на неговиот менаџер Мино Рајола кој пред само неколку дена за „Туроспорт“ изјави дека со Манчестер Јунајтед е завршено.
Пол Погба вели дека е 1000 посто посветен на дресот на Јунајтед и дека ништо не се знае во иднина.
-Секогаш сум се борел и ќе се борам за Манчестер јунајтед, моите соиграчи и навивачите. Бла, бла, не е важно. Иднината е далеку, само сегашноста е важна и јас сум вклучен 1000%! Ние сме секогаш силни заедно. Сè што е меѓу мене и клубот е јасно и тоа никогаш нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре (во клубот), не зборувајте –напиша Погба на својот Инстаграм.