Фудбал
Борусија Дортмунд го отпушти тренерот по дебаклот против Штутгарт
Германскиот тим Борусија Дортмунд го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз од 5:1 на домашен терен од Штутгарт. Иако имаше најави дека во јануари ќе седнат на маса за продолжување на соработката, сепак германските медиуми објавија дека Лусијан Фавр денеска добил отказ.

Борусија Дортмунд во Бундеслигата е на петото место со 19 бодови, а во 11 одиграни мечеви има дури четири порази.