Фудбал
ВИДЕО: Лукаку како „брзи воз“ погледнете го голот против Каљари во 94-та минута
Најубавиот момент секако на мечот Каљари – Интер (1:3) се случи во 94-тата минута. Целиот тим на Каљари беше во напад по корнерот, вклучувајќи го и голманот, но Интер преку Мартинез и Лукаку изведе брз контра напад, а Белгиецот стави точка на мечот откако претрча повеќе цел терен, а потоа го надмудри и голманот и ја смести топката во празната мрежа. За Лукаку ова беше деветти гол сезонава во Серие А, еден помалку од Ибрахимовиќ.