Фудбал
Не е само Ериксен, во јануари Интер ќе продаде уште двајца играчи за врска!
Според пишувањата на италијанските медиуми, Интер во јануарскиот преоден рок ќе се раздели со тројца играчи за врска. Покрај Кристијан Ериксен, кој секако не е задоволен со неговиот статус во тимот од Милано, на излезна врата се Раџа Наинголан и Матијас Весино.
Наинголан по враќањето од позајмицата од Каљари има симболична улога односно одигра само 49 минути во сите конкуренции кои Интер настапил. Поради тоа сака да замине. Уште еден играч, кој поради повреда подолго време го нема во составот, а кој сака да замине е Матијас Весино.
Наводно Наинголан и Весино имале состанок со раководството на тимот и побарале да бидат продадени во друг клуб.