Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како да се проколнати, им загинаа двајца фудбалери за само еден месец

Познатиот јужноафрикански клуб Мемелоди Сандаунс, остана за еден месец без двајца важни фудбалери. Тие настрадаа во две одвоени сообраќајни несрежи. Прво кон средината на ноември загина Анела Нонка (33), а за жал сега животот го загуби и неговиот соиграч Мотјека Мадиша (25).

Мадиша доживеал сообраќајна несреќа во сабота вечерта и тоа само неколку часа откако присуствуваше на клупската прослава за 50 години постоење. Несреќата се случила во Кемптон Парк, а причините засега не се познати. Познато е само дека патувал со уште една личност која е потешко повредена.

Мадипша од 2016-та е член на овој тим, а за репрезентацијата на Јужна Африка одигра 13 мечеви.