Фудбал
Наполи со пресврт до победа, Елмас не доби ниту минута од Гатузо
Екипата на Наполи преку пресврт славеше против Сампдорија. Гостите поведоа во 20-та минута преку Јанкто, но сепак во вториот дел тимот на Гатузо успеа да постигне два гола и да дојде до трите бода .Лозано во 53-та и Петања десетина минути подоцна погодија и му донесоа победа на Наполи.
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас остана на клупата за резервни фудбалери и не доби ниту минута од Гатузо на овој меч. Ова е трета победа во низа за Наполи кој се искачи на третото место со 23 бодови, додека Сампдорија е 13-та со 11 бодови.
Standings provided by SofaScore LiveScore