Фудбал
Куман го најде виновникот за слабите резултати, има „крт“ во соблекувалната
Барселона стигна до победа против Леванте, но потешко од очекувањата. Повторно спасител беше Лионел Меси, кој беше стрелец на единствениот гол со кој каталонците победија.
Весникот „Ел Паис“ пишува дека тренерот Роналд Куман го пронашол виновникот за слабите резултати. Наводно во соблекувалната Барселона имала „крт“.
„Ел Паис“ вели дека пред мечот имало вербален напад на Куман над талентираниот 21-годишен фудбалер Рики Пуиг. Тренерот жестоко реагирал и му се развикал, обвинувајќи дека тој е „кртот“, односно дека ги изнесува информациите во медиумите за составот и тактиката.