Connect with us

Фудбал

Легендата на Арсенал Тиери Анри го исклучил телевизорот, иако викнал гости, кога видел кој е капитен на Арсенал

Арсенал ја игра најлошата сезона во последните 30-тина години. Вчера загуби 1:0 на домашен терен од Барлни. Ова беше трет пораз во низа или четврти во последните пет меча. Згора на тоа Гранит Џака заработи црвен картон по инцидентот со противнички играч.

Патрис Евра, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Франција откри интересен момент со легендата на „Топџиите“ Тиери Анри.

Како што вели тој, Анри го поканил на гости да гледаат меч на Арсенал. Но, кога започнал мечот и кога Анри видел кој е капитен, веднаш го исклучил телевизорот.

– Му реков „што се случи?“. Ми порача дека не може да го гледа својот тим во кој капитен е Џака и навистина не го гледавме мечот. Почнавме да зборуваме за многу работи и го исклучи телевизорот. Тоа ви кажува што легендите на овој клуб мислат за Џака. Тој одново го остави својот тим на цедило. Мислам дека на фановите на Арсенал им е доволно од Џака, изјави Евра.