Фудбал
ВИДЕО: Вака не смее да се однесува играч кој бил капитен на Арсенал
Гранит Џака заработи исклучување на мечот со Барнли, откако по една мешаница го фати за врат противничкиот играч и го давеше. Секако, судијата оправдано му покажа црвен картон. Сето ова се случуваше во 58-та минута, при 0:0, а до крајот на мечот, со автоголот на Обамејанг, Барнли ги освои трите бода.
Џака трпи големи критики поради ова во Англија, дури и од фановите на Арсенал кои го кренаа гласот и бараат да не игра веќе односно да биде продаден. Арсенал ја игра една од најлошите сезони во последните 30 години.
Вакво нешто секако не смее да прави фудбалер кој долго време ја носеше капитенската лента на Арсенал. Сега, капитен на „Топџиите“ е Обамејанг.