Connect with us

Фудбал

„Ако Лионел Меси не прифати намалување на платата, тогаш може слободно да замине“

На 24-ти јануари следната година ќе се одржат избори во Барселона, по оставката на Жозеп Бартомеу. Еден од кандидатите за негов наследник Емили Русо во едно интервју изјави дека доколку Лионел Меси не прифати намалување на платата, тогаш ќе биде продаден, односно ќе може да замине од Барселона.

-Мора да седнеме со Меси и да го замолиме да прифати намалување на платата. Во моментов, според работите какви што се, вакво нешто е неодржливо. Ќе го замолиме да се жртввува. Ако нема договор, тогаш Меси ќе си замине, вели Русо.

На Лионел Меси следното лето му истекува договорот, а се погласни се шпекулациите дека ќе замине од Барселона.