Connect with us

Фудбал

Шок во Бергамо, најдобриот заминува од Аталанта и тоа по караницата со тренерот

Аталанта е најпријатно изненадување во Италија, но и во Европа во последните две сезони. Сепак, се чини дека во овој тим не „цветаат рози“. Имено, најдобриот на тимот Папу Гомез заминува и тоа поради караница со тренерот Гасперини. Сето ова се случило наводно на полувремето на мечот од ЛШ помеѓу Мидтјиланд и Аталанта (1:1), иако покрај киксот италијанскиот тим обезбеди пласман во нокаут фазата.

Дека работата е сериозна потврди и самиот фудбалер на Инстаграм кој порача дека кога ќе замине ќе ја каже вистината.