Фудбал
Лига Европа: Адеми во Русија, Елмас против шпански тим, а Милан доаѓа во Белград
Попладнево беа извлечени паровите за 1/16 финалето од Лига Европа, или првата рунда од нокаут фазата. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб за противник го добија руски Краснодар.
Елиф Елмас и Наполи ќе играат против шпанска Гранада. Италијанскиот тим Милан кој е еден од фаворитите на првиот меч ќе гостува во Белград против Црвена Звезда, а вториот фаворит Манчестер Јунајтед ќе игра против моменталниот лидер во шпанската Ла Лига, Реал Сосиедад.
Првите натпревари ќе се играат на 18 февруари, додека возвратните мечеви ќе бидат на 25 февруари 2021 година.
Парови, Лига Европа
Волфсбергер – Тотенхем
Динамо Киев – Клуб Бриж
Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед
Бенфика – Арсенал
Црвена Звезда – Милан
Антверпен – Глазгов Ренџер
Славиа Прага – Лестер
Салцбург – Виљареал
Брага – Рома
Краснодар – Динамо Загреб
Јанг Бојс – Баер Леверкузен
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби Тел Авив – Шахтјор
Лил-Ајакс
Олимпијакос – ПСВ