Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалер на Челзи удри 16 годишен талент на Тотенхем, па настана хаос на теренот

Дени Дринквотер беше дел од сјајната генерација на Лестер која ја освои шампионската титула во Премиер лигата. Потоа направи трансфер во Челзи, но не се изнаигра на „Стемфорд Бриџ“. Последните две години не одигра ниту една минута за најдобриот состав, а времето го поминува со настапи за резервниот состав.

Меѓутоа ниту таму не му оди баш најдобро. Тој се најде во центарот на вниманието на мечот на екипите на Челзи и Тотенхем за играчи до 23 години, кој се одигра синоќа. Имено, тој со жесток старт удри 16 годишен талент на Тотенхем, Алфи Дивајн, по што настана вистински хаос на теренот. Страстите мораше да ги смирува судијата, кој му покажа директен црвен картон на Дринквотер.