Connect with us

Фудбал

Човек кој не го интересираат критиките: Познато е во каков состав ќе игра Барселона вечерва

Барселона вечерва игра на домашен терен против Реал Сосиедад во вонредниот натпревар од 19 коло на шпанската Ла Лига.

Во последното коло, Каталонците со многу напор го победија Леванте и повторно не се истакнаа на теренот. Од друга страна, Сосиедад е во фантастична форма и е лидер на табелата со 26 поени.

Сигурно е дека Сосиедад ќе се обиде да ја искористи лошата форма на Барселона и да им зададе нов удар, но без оглед на тоа, јасно е дека Каталонците влегуваат во мечот како фаворити за победа.

Пред овој натпревар повторно е во центарот на вниманието Роналд Куман, кој во последно време беше мета на големи критики. Многумина најмногу му замеруваат што скоро никогаш не ја менуваше почетната постава и главно ги вадеше истите играчи на теренот.

По лошите настапи, навивачите и јавноста во Шпанија очекуваа дека Куман ќе направи некои промени во составот барем вечерва, но како што пишува каталонски Спорт, тоа нема да се случи.

Куман сепак верува во тимот со кој игра најчесто и има направено само една замена во споредба со Леванте, а тоа е дека наместо Кутињо ќе игра Педри.

Можниот составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Араухо, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Меси, Гризман, Брајтвајт.