Connect with us

Фудбал

Тијаго Мендеш зборуваше за повредата на Нејмар

Стартот на играчот за врска на Лион, Тијаго Мендеш, врз ѕвездата на ПСЖ Нејмар, предизвика многу полемики.

Играчот кој со стартот го повреди напаѓачот од Париз се врати да зборува за случајот во интервју дадено за „Дејли експрес“.

„Не ми се допаѓа фудбалот нда Нејмар и се надевам дека не е ништо сериозно“, рече Тијаго Мендеш.

„Се надевам дека ќе се опорави и ќе ужива во своите фанови и сите љубители на фудбалот. Искрено се извинувам “, додаде Мендеш, кој претходно се извини на социјалните мрежи“.

На социјални мрежи воопшто не го поштедија Мендеш, заедно со неговата сопругата, Кели, која исто така доби неколку закани:

„Му пишуваа на Тијаго, но ми пишуваа и мене. Тие велат дека ќе се случи нешто страшно поради повредата што Тијаго му ја донесе на Нејмар“.