Connect with us

Фудбал

Гатузо бесен по дербито со Интер: Не можеш да исклучиш капитен само ако кажал е*и се на судијата!

Интер среќно дојде до победа во дербито со Наполи од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Ромелу Лукаку од пенал, а во истиот момент Инсиње заработи директен црвен картон поради приговор кон судијата.

Според извештаите на италијанските медиуми, Инсиње наводно му рекол на судијата „е*и се“ и поради тоа добил црвен картон.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо е бесен.

– Вакви работи се случуваат само во Италија. Не можеш да исклучиш фудбалер, па уште и капитен на тимот, само затоа што ти рекол е*и се и тоа по еден сомнително досуден пенал. Во Англија и Шкотска, фудбалерите вакво нешто постојано им велат на судиите па нема исклучувања, вели Гатузо.