Connect with us

Фудбал

Дали Барди ќе се сели во Премиер лигата кај Алиоски, интерес има од клубот на славниот Алан Ширер

Клубот против кој во средата македонскиот интернационалец Џани Алиоски го постигна својот првенец во Премиер лигата, би можел да биде новата средина за уште еден наш репрезентативец. Според англиските медиуми Њукасл сериозно е заинтересирана за Енис Барди.

Наводно, Њукасл сака да се засили на позициите „box to box“ играч, односно фудбалер кој подеднакво е ефектен и во нападот и во дефанзивните задачи, но и лев бек. За левата бековска позиција желбата е Брендон Вилијамс од Манчестер Јунајтед, а за средината конкурираат младиот Фикајо Томори од Челзи, Бубакари Сумаре од Лил и нашиот Енис Барди.

Како што пишуваат англиските медиуми, понудата до Леванте би била позајмица во јануари, со можност за откуп по завршувањето на сезоната.

Њукасл секако е еден од попознатите и славни англиски клубови, за кој секако играше најголемата легенда Алан Ширер.