Connect with us

Фудбал

Буфон: Овој Јуве сè уште не е тим на Пирло!

Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон зборуваше по победата над тимот на Парма. Тој го пофали и тренерот Андреа Пирло.

„Тоа беше натпревар на кој моравме да победиме во секој поглед, затоа што сега ќе играме со проблематичен тим како Фиорентина пред Божиќ.

Мора да ги добиеме натпреварите што ги имаме и тогаш ќе ги започнат директните предизвици со противниците за титулата. Не треба да правиме грешки за кои жалиме и да го добиеме максимумот пред да започнат одлучувачките дуели за титулата“, рече Буфон

„Пирло? Резултатот не е секогаш одраз на нашата игра, тој се виде против Лацио. Со еден натпревар не можете да кажете дека тоа е тимот на Пирло. Кога ќе почнеме да победуваме со 5,6 или 7 натпревари по ред или лесно да добиеме 8 од 10 натпревари, тогаш можеме да кажеме дека тоа е тимот на Пирло“, додаде Буфон.