Фудбал
Мохамед Салах не бил среќен во Ливерпул, гигантите во „битка“ за негов потпис, но тој има една желба?!
Се погласни се шпекулациите дека Мохамед Салах не е среќен во Ливерпул. Наводно тоа им го соопштил самиот фудбалер на своите блиски пријатели, а дури и го посочил и клубот во кој би сакал да игра, а тоа е Реал Мадрид.
За неговите услуги се заинтересирани уште ПСЖ и Манчестер Сити, па се очекува да биде голема битката за потписот на 28-годишниот Египќанец. Ливерпул наводно е подготвен да ги разгледа понудите, а доколку пристигне примамлива сума, ќе се согласи да се раздели со еден од своите најдобри фудбалери.
Оваа сезона во Премиер лигата Салах одигра 13 натпревари, постигна 13 погодоци и три асистенции.